Во Шкотска се воодушевени од генијалноста на Миовски: Каква завршница! (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одличен викенд во кој постигна два гола и беше херој на Ренџерс во триумфот над Килармнок од 3-0.

Миовски сосема заслужено беше најдобро оценет фудбалер на теренот, а освен тоа се најде и во тимот на колото.

Одличната завршница за Миовски не помина незабележано и од лигата во Шкотска која на социјалните мрежи ги објави двата погодоци на македонскиот голгетер.

„Паметната завршница на Бојан Миовски“, стои во објават со видеото.

Ќе потсетиме, Миовски пред натпреварот беше мета на критики во Шкотска, поради тоа и ги деактивираше своите социјални мрежи, па така сигурно дека ваквата поддршка многу му значи.