Миовски помеѓу најдобрите во Шкотска!

Maкедонскиот напаѓач, Бојан Миовски зад себе има одличен викенд во кој го одигра најдобриот натпревар откако се пресели во Ренџерс.

Неговиот тим славеше 3-0 на гости кај Климарнок, а Миовски беше стрелец на два погодоци. Македонецот ги постигна првите два гола со што го отвори патот кон победата за Ренџерс.

За Ренџерс кој имаше ужасен почеток на сезоната ова беше шести триумф сезонава со кој скокнаа до четвртото место.

Покрај Миовски место во тимот на колото добија уште: Џорџ, Мулиган, Халкет, Фреклтон, Кутрумбис, Девлин, Оучике, Барон, Брага и Бови.