Велковски и Риека со голем пресврт изборија финале во хрватскиот Куп

Македонскиот фудбалер Дарко Велковски влезе во игра во 54. минута против Осиек и успеа заедно со Риека да избори пласман во финале на хрватскиот КУп.

До 66. минута од мечот дуелот изгледаше загубен за Риека, бидејќи Осиек имаше водство од 2-0 преку двата гола на Боцкај.

Токму во 66. минута Муриќ успеа да намали на 1-2, по што продолжи притисокот на домаќините, кои преку Чолак од пенал израмнија на 2-2 во 73. минута.

Во 86. Минута Јатеке со одличен гол ги „уништи“ противниците и ги постави конечните 3-2 за Риека, која во финале ќе игра против Локомотива Загреб.