Велкоски ја дозна својата казна по инцидентот во мечот против Широки бријег

Многу бурен меч се одигра во осминафиналето на босанскиот Куп меѓу Широки Бријег и Сараево (3-2), а средбата го одбележаа немили сцени.

Дисциплинската комисија на БиХ реши поради неспортско однесување да го казни капитенот на Сараево, Крсте Велкоски.

Македонскиот фудбалер ќе треба да плати 500 евра во рок од 15 дена од пресудата.