Трапановски и донесе победа на Подбрезова

Младиот македонски фудбалер, Кристијан Трапановски, кој настапува за селекцијата до 21 година, го постигна дебитантскиот гол за својот нов клуб, екипата на Подбрезова.

Тој беше стрелец на единствениот гол на дуелот против Саморин во натпревар од втората лига во Словачка, погодок кој го постигна во 70. минута.

Со оваа победа Подбрезова се наоѓа на шестото место на првенствената табела со 18 бода по 12 одиграни кола, додека Саморин се наоѓа во зоната на испаѓање (14. место) со девет бода.

Инаку, Трапановски е на едногодишна позајмица во овој клуб од Славија Прага.