Столе со маестрална парада спречи еврогол на Јамал (ВИДЕО)

Иако прими два гола, Столе Димитриевски бранеше одлично во првото полувреме на голот на Валеснија против Барселона.

На свој терен Валенсија по првите 45 минути има негатива од 2-0, стрелци за гостите од Каталонија беа Ламин Јамал во шестата минута и Фермин Лопез во 22-та минута. Димтириевски беше најдобар поединец кај Валенсија одбрани неколку зицери, а со една фантастична парада го спречи Јамал уште еднаш да се запише во листата на стрелци.