Србија со еден загубен сет ја доби Полска за европска бронза

Женската одбојкарска репрезентација стигна до бронзата на Европското првенство кое се одржува во Азербејџан, Чешка, Шведска и Турција откако денеска со 3-1 ја совлада Полска.

Србинките беа подобар противник во речиси целиот меч, а не беа на нивото само во третиот кој го загубија со 15-25, додека останатите три ги добија со: 25-21, 25-19 и 25-18.

Причината за загубениот сет може да се бара и во шокот кој доживеаја одбојкарките откако на селекторот Зоран Терзиќ му се слоши и замина во соблекувалната. За времето додека беше во соблекувалната, мечот продолжи и Србија ја водеше неговиот заменик.

За среќа не стануваше збор за нешто сериозно и Терзиќ по кратката пауза се врати на клупата и ја предводеше својата репрезентација до бронза.