Шок за Тодороски и ТСЦ: По деби голот и победата си заминал тренерот кој го доведе!

Македонскиот интернационалец, Андреј Тодороски во вчерашниот натпревар за ТСЦ го постигна и својот деби гол во победата од 2-1 над Чукарички, но место да се слави победата во српскиот клуб се случиле неочекувани турбиленции.

Имено според информациите на „Моцарспорт“ изненадувачки по победата со спогодбен раскин на договорот се разделиле ТСЦ и тренерот Јован Дамјановиќ.

Секако дека ова не е добра промена и за Тодороски бидејќи заминува тренерот кој го доведе во клубот.

Во ТСЦ, Тодороски пристигна по одличниот период во Спартак Суботица за кој постигна шест гола.