Севиља и Виљареал го меркаат Столе Димитриевски!

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски би можел да ја смени средината на крајот од оваа сезона кога му истекува договорот со Рајо Ваљекано.

Угледниот италијански новинар Фабрицио Романо тврди дека тој веќе се наоѓа на списокот на желби на Севиља и Виљареал кои се заинтересирани да го донесат во своите редови во 2024 година. Димитриевски на фантастичен начин ја почна сезоната во Ла Лига и во моментов е голман со најмногу „чисти мрежи“ во шпанското првенство, заедно со Марк Андре Тер Штеген од Барселона, со 6.

За него и лани имаше интерес од неколку врвни шпански клубови, но тој одлучи да остане во Рајо каде е без конкуренција прв голман.