Сараево загуби од Широки бријег, но Велкоски го освои трофејот во Купот

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски го освои трофејот во Купот на Босна и Херцеговина, откако Сараево денеска загуби со 0-1 против Широки бријег, но благодарение на победата од првиот меч тие триумфираа со вкупни 3-1.

Широки бријег, чиј тренер е Гоце Седлоски, се обиде да направи пресврт и да дојде до триумфот во реваншот во финалето, но не успеаа во својата намера.

Единствен стрелец за домаќините беше Багариќ во 23. минута за конечни 1-0, а македонскиот фудбалер Велкоски настапи во денешниот меч.