Ристовски двапати го матираше Илиев и донесе прв триумф за неговата екипа

Македонскиот фудбалер Милан Ристовски имаше одличен настап за Нитра, откако успеа да постигне два гола во победата од 3-2 против Серед, чиј гол го чува македонскиот голман Дени Илиев.

Благодарение на двата погоди на Ристовски во мрежата на Илиев, Нитра го запиша првиот триумф сезонава во првенството по четири одиграни кола.

Од друга страна, Серед досега има по две победи и два порази по четири одиграни меча.