Пешевски од Мотор се сели во Бундеслигата

Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски ќе си замине од Мотор Запорожје и кариерата ќе ја продолжи во Бундеслигата. Штутгарт ќе биде неговиот следен тим, откако германскиот тим објави дека постигнале договор со македонскиот пикер.

Пешевски со своите извондредни игри во дресот на македонската репрезентација, како и во дресот на Мотор, го привлече нивниот интерес, па токму поради тоа Штутгарт се одлучиле на ваков потег.

Тие објавија дека нивниот пикер Симон Баумергартен ќе замине од клубот по 15 сезони, а токму тоа место ќе го преземе Пешевски.