Нов гол на Елмас: Голманот беше гледач повеќе! (ВИДЕО)

Maкедонскиот репрезентативец, Елиф Елмас продолжи со добрата форма по пристигнувањето во Торино и денеска против Верона се запиша во листата на стрелци.

Елмас постигна гол за израмнување во 67. минута откако три минути претходно Верона дојде до водство. Македонскиот репрезентативец одлично шутираше, а противничкиот голман немаше шанси да интервенира.

Фото: EPA PHOTO