Лука Станковски кариерата ја продолжува во Србија?
Станковски во редовите на Раднички би пристигнал како позајмен фудбалер од Газиантеп со опција за откуп на крајот од сезоната.
Во редовите на турскиот клуб, Станковски пристигна пред две ипол години, а играше на позајмица во Горица каде што се задржа шест месеци. Во Турција се врати минатото лето, за во текот на последниот зимски преоден рок да оди во Тузласпор исто такако како позајмен играч.
Ќе потсетиме, Станковски потекнува од школата на Работнички кој од него заработи 600.000 евра при продажбата во Газиантеп.