Дерби му го расипа јубилејот на Алиоски, Лидс во 90. минута испушти три бода!

Лидс денеска одигра 1-1 против Дерби каунти во осмото коло од Чемпионшип-лигата, а македонскиот репрезентативец го одигра цел меч.

Фудбалерот на гостите, Макс Лоу си постигна автогол во 20. минута по што Лидс ја чуваше предноста до самиот крај на мечот.

Матеуш Клич имаше шанса да зголеми на 2-0 во 69. минута, но промаши пенал, па гостите казнија преку Крис Мартин во 92. минута за конечни 1-1.

Треба да споменеме дека ова беше јубилејниот стоти меч за Алиоски во дресот на Лидс.

Лидс во моментов е првопласиран со 17 бода по осум одиграни кола во првенството.