Ладен туш од Наполи: Елиф Елмас ќе биде казнет!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби лоши вести пред вечерашниот дуел против Австрија во квалификациите за Европското првенство, откако Наполи објави дека ќе го казни.

Италијанскиот гигант реши да го казни македонскиот фудбалер затоа што Елмас дал изјави на новинари без дозвола од клубот.

„Наполи потврдува дека Елиф Елмас зборувал со медиумите без дозвола на клубот. Наполи реши да преземе санкции против фудбалерот“, порача шефот на комуникации, Никола Ломбардо.