
Јакимовски на чекор од дабл-дабл, втора убедлива победа на ВСУ
Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски повторно беше еден од најдобрите на теренот. За 31 минута во игра, тој за малку не стигна до дабл-дабл ефект, постигнувајќи 14 поени и 9 скока со шут од игра 6/8, а забележа уште четири украдени топки и две асистенции. На првите два меча, тој веќе има 35 постигнати поени што е негов најдобар влез во сезоната во НЦАА.
До следниот натпревар на домашен терен, Јакимовски и Вашингтон Стејт ќе почекаат малку бидејќи тој е закажан за 24 ноември, против Јута Тек.