Јаховиќ во тимот на колото во турската Суперлига (ФОТО)

Македонскиот фудбалер се најде во одбрано друштво откако од почетоткот на сезоната во турскиот шампионат во дресот на Малатијаспор постојано ја тресе противничката мрежа. Тој, до сега, зад своето име запиша три гола во четири кола.

Последен пат стрелаше изминатиов викенд на гостувањето кај Анкарагучу и со тоа ја потврди одличната форма оваа сезона. Неговите фантастични партии и голгетерската расположеност му донесоа место меѓу најдобрите 11-мина од четвртото коло на турскиот шампионат.

Со тоа искусниот Јаховиќ влезе во друштво на фудбалски ѕвезди како Папа Сисе, Стивен Н'зонзи, Велингтон....

Инаку, со трите погодоци Јаховиќ ја дели втората позиција на листата на постигнати голови, а два помалку има од лидерот Сисе.