Херера и Елези помеѓу најдобрите во БиХ (ФОТО)

Репрезентативците на Македонија Себастијан Херера и Агон Елези добија место во тимот на колото во БиХ.

Сараево во рамките од петтото коло во првенството го совлада Широки со 2-1, а Елези беше херој со голот кој го постигна во завршницата од дуелот.

Херера пак за Борац не се запиша во листата на стрелци, но сепак одигра одлично во натпреварот во кој неговиот тим на крајот се радуваше на победа од 2-0 против Железничар.

Селекторот Гоце Седлоски во втората половина на овој месец ќе го објави списокот за натпреварите од Лигата на Нации и нема дилеми дека за очекување е двајцата повторно да бидат на располагање.