Елмас дел од најскапиот тим составен од фудбалери под 21 година во Серија А (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се подготвува за мечот против Словенија во квалификациите за Евро 2020 во Скопје. Сепак, беше избран во најскапата екипа во Серија А составена од фудбалери до 21 година.

На голманската позиција е Донарума (55 милиони евра), во одбраната се Миленковиќ (30 милиони), Де Лихт (75 милиони) и Бастони (15 милиони).

Во средината на теренот се наоѓаат Клајверт (23 милиони), Заниоло (40 милиони), Елмас (17 милиони), Тонали (30 милиони) и Кјеза (60 милиони евра), додека во нападот се Куаме (22 милиони евра и Леао (22 милиони).

Исто така, треба да се спомене дека Елмас поскапе за дури седум милиони евра по пристигнувањето во Наполи, според „Трансфермаркт“.