„Да сум на местото на Миовски - би полудел од лутина!"
Поранешниот напаѓач, Крис Бојд кој во кариерата го носеше дресот на Ренџерс е изненаден од одлуката на тренерот Дени Рол да го замени Миовски на полувремето при водство на неговиот тим од 2-0. Како што вели да бил тој на местото на Македонецот, би бил бесен.
„Ако јас бев на местото на Миовски, апсолутно би полудел од лутина. Немаше најдобар настап, но како напаѓач фрустрира кога гледаш дека друг кој не ја користи шансата, во овој случај Чермити, добива повеќе минути. Миовски доби само 45 минути, а секој напаѓач сака да одигра барем 60-70 минути, тогаш одбраните повеќе се отвораат и вие добивате повеќе шанса. Така влегуаш во форма. Со овие 45 минути и тука-таму на другите натпревари, Миовски нема да влезе во форма“, изјави Бојд.
Според пишувањето на шкотските медиуми, Миовски не е напаѓач како што посакува германскиот стратег кој неодамна пристигна како наследник на Расел Мартин и поради тоа во јануаскиот преоден рок би можело да дојде до промени во нападот на Ренџерс.