Барди стана хит во позната онлајн-игра! (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Енис Барди стана хит во Шпанија за многу кратко време, откако пред неколку дена одигра фантастичен дуел против Барселона и притоа постигна два гола во победата од 5-4.

Откако беше одбран за еден од најдобрите играчи на колото во шпанската Ла Лига, сега Барди се најде и во „Евро Фантази Лигата“, каде што го заслужи своето место меѓу најдобрите 11.