Зидан му го скрши Аудито, а тој по сообраќајката го замолил за – селфи

Игнасио Фернандез е човекот кој пред неколку дена имаше мала сообраќајна незгода со тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан во која Аудито на Шпанецот претрпел оштетувања.

Инцидентот се случил во Валдебебас, каде е тренинг-кампот на Реал Мадрид, откако Игнасио сакајќи да се вклучи на кружниот тек п ропуштил едно возило, па Зидан одзади го удрил. И му го оштетил задниот дел од автомобилот, а вообичаено во таква стресна ситуација, доаѓа и до кавга.

Но, кога Игнасио излегол од автомобилот го здогледал Зидан и лутината му поминала експресно.

„Штом го видов, само му реков: 'Би сакал да ве запознаам во други околности, ама ни ова не е лошо'“, вели Игнасио.

Се задоволил со селфи кое го сподели со јавноста.