Жестока тепачка на бејзбол: Неколку повредени играчи и еден куп исклучувања (ВИДЕО)

Средбата меѓу Сиетл маринерс и Лос Анџелес ејнџелс ја одбележа масовна тепачка во која учествуваа и тренерите.

Еден од играчите на Сиетл почна да вика кон противникот, кој веднаш реагираше, а неколку минути инцидентот не можеше да биде запрен.

Ентони Рендон го повреди десниот зглоб при инцидентот и мора да оди на долга пауза, а подобро не помина ниту Џес Викнер, кој доби удар в лице.

Драмата заврши со исклучување на неколку играчи и тренери, а паузата траеше дури 20 минути, по што двата тима продолжија со натпреварот.