Колумбискиот фото-модел Натали Ринкон, која претходно беше во врска со Кристијано Роналдо, даде ексклузивно интервју на „Ла ред“ и ја опиша до детали „лудата“ ноќ со ѕвездата на Реал Мадрид.

 Колумбијката објаснува како се запознале со Португалецот.

„Јас бев во ресторан, и Кристијано седна на соседната маса. Ние се погледнавме и почнавме да се додворуваме. По некое време, некој дојде на мојата маса и ми кажа дека Роналдо сака да имаме состанок“, признава Натали.

Вечерата со Роналдо била повеќе од романтична. Тие биле во еден од најубавите ресторани во Мајами, јаделе морска храна и пиеле вино.

„Кристијано беше шармантен. Во еден момент ме погледна и ме праша дали сакам да танцуваме. Јас бев фасцинирана“, објаснува Колумбијката.

Во еден момент таа станала љубоморна, па му дала интересен предлог на фудбалерот.

„Имаше премногу жени во ресторанот кои го сакаа Кристијано, па јас му реков да заминеме. Нема да ви кажам дали бевме во хотел или не, но ние заминавме во 2.30 по полноќ“, вели Ринкон.

Натали, исто така, кажа дека двајцата уживале и биле многу задоволни.

„Ние се бакнувавме околу полноќ, но нема да ви кажам каде, туку ќе го оставам тоа на вашата фантазија“, вели фото-моделот.