Фудбалер на Дортмунд лошо падна додека славеше – можеше тешко да се повреди (ВИДЕО)

Прославата на пласманот во финалето на Лигата на шампионите и неизмерната радост можеше да се претвори во голема тага за дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Ник Шлотербак и тоа поради – невнимание.

Тој сакаше да слави пред навивачите на „Паркот на принцовите“, каде „милионерите“ победија со 1-0 и во реваншот, но следуваше незгоден пад и со грб удри во контејнер на кој се обиде да скокне.

Шлотербек можеше сериозно да го повреди грбот, па дури и да не ја заврши сезоната, но брзо стана и со насмевка ја коментираше ситуацијата пред да замине пред навивачите.