Жена сексуално нападнала НФЛ-играч во авион, тој почнал да бега кон стјуардесите

Анонимен играч од НФЛ-лигата ја тужел компанијата „Јунајтед Ерлајнс“ поради сексуален напад во авион. Тој се пожалил дека една жена во текот на летот до Њу Џерси го вознемирувала.

Играчот се пожалил до стјуардесите дека жената му прави проблеми, но тие не преземале ништо. Во меѓувреме, жената почнала да му ги масира колената, а потоа и нејзината глава ја ставила на неговите нозе.

Мажот потоа ја замолил стјуардесата да направи нешто, по што таа ја предупредила жената дека не треба да се однесува така.

Веднаш потоа жената го фатила за непријатното место, по што мажот скокнал и избегал кон стјуардесите, по што тие ја преместиле жената во друг ред.