Заборавете го тренингот на Бока, денеска во Истанбул - се случи нешто недостижно! (ВИДЕО)

Цел свет беше воодушевен откако пред реванш-Суперкласико, преку 50.000 навивачи на Бока дојдоа на тренингот на нивниот миленик и „Бомбоњера“ се тресеше, арно ама навивачите на Галатасарај направија нешто што долго ќе се памети и прераскажува и е недостижно на тифо-сцената.

Приврзаниците на Галата на тренингот во Истанбул го наполнија цел стадион, па направија таков пиротехнички спектакл, што не се гледа на најголемите светски дербија. За фанатизмот на Турците одамна е познато и затоа тренингот на Бока веќе е заборавен. Ова е новиот тифо-хит.