Врањеш спектакуларно го прослави 30-иот роденден, Цеца му пееше „на увце“ (ВИДЕО)

Фудбалерот Огњен Врањеш синоќа го прослави својот 30-ти роденден во Грција, а на прославата пееше фолк - дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, која се појави пред гостите во елегантно издание кое ги остави сите без зборови.

Цеца веднаш по нејзиното пристигнување ја крена атмосферата, а по испеаните хитови „Воздух за дишење“ и „Белград“ сите беа во делириум.

Меѓу гостите на роденденот на фудбалерот беа соиграчите на грчката екипа АЕК, како и неговата ќерка Андријана, која вчера исто така беше славеничка, полнејќи пет години.