Врањеш пак ја разбранува Србија: Секоја чест за Тошиќ што толку време ја трпи Карлеуша!

Контроверзниот босански репрезентативец Огњен Врањеш пред една година беше централна фигура во регионов после секс-аферата со турбофолк-ѕвездата Јелена Карлеуша, по што се крена голема прашина, а стоперот цехот го плати силно – го набркаа од Андерлехт, ама и од босанската репрезентација.

После една година од аферата, Врањеш реши да проговори за српските медиуми, за повторно да ја разбранува јавноста од секс-аферата со Карлеуша.

„Се каам и срам ми е што познавав таква личност. Но, времето не може да го вратиме, ама личноста може да ја избришеме. Јас само можам да кажам дека му се восхитувам на Душко Тошиќ (српски репрезентативец – н.з.) што успева сите овие години да издржи и да ја трпи таа жена. Голем наклон за него“, вели Врањеш.

Србинот од Босна призна дека паднал на мамката на Карлеуша, посочувајќи дека скапо ја платил таа афера со неа.

„Таа слатко лажеше, јас лесно подводлив и верував на секој збор, додека нè прогледав и нè сфатив со кого си имам работа. Јас немам време со неа да се влечкам по судови и слични будалаштини (не сакал да ја тужи – н.з.), а таа цел живот го посвети на тужби. Таа си доби реклама каква што нема да има во 14 животи и треба да ми биде благодарна, зашто и скокна цената. А, јас ништо не добив. Велеа сум си правел маркетинг, но вистината е дека ме избркаа од Андерлехт, ја напушти врепрезентацијата поради неа