Вооружени командоси интервенираа за да спречат „масакр“ помеѓу ултрасите на Видад и Раја (ФОТО+ВИДЕО)
Пред почетокот на натпреварот домашните фановите имаа феноменална кореографија со запалени факели, навивачки песни, но на крајот, откако нивниот тим не успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето во Арапската лига на шампиони, излегоа на терен за да се пресметаат со противничките ултраси.
Домашните навивачи беа гневни што нивните миленици се елиминирани, иако имаа голема шанса за пласман понатаму. По првиот меч кој заврши 1-1, домаќините на вториот имаа сигурно водство од 4-1 до 74. минута, но гостите успеаа да дојдат до 4-4 со гол во судиското продолжение (94. минута), а потоа настана невиден хаос на теренот кога двете навиначки групи се спуштија од трибините.
Вооружените командоси на крајот успеаа да спречат поголем инцидент.