
Во Чиле постигнат најлудиот автогол во историјата - топката леташе 20-тина метри во вис (ВИДЕО)
На меч од тамошната Втора лига, фудбалерот на Универсидад де Консепсион на неверојатен начин ја затресе својата мрежа. Во обид да расчисти една опасност, тој играше на топката и ја одби 20-тина метри во вис. Сите, па и голманот мислеа дека таа ќе заврши во корнер, но во необичен лук топката се врати на теренот и заврши во мрежата.
Квиеро подоцна му сугерирал на судијата дека топката навистина прво го напуштила теренот и дека треба да биде досуден корнер, но главниот арбитар останал на одлуката дека тоа е гол.