Вардар со сеирџиски пост: Се придржуваме на мерките, одржуваме дистанца! (ФОТО)

Фудбалскиот клуб Вардар пред да биде суспендирано првенството поради коронавирусот имаше 10 бодови предност на врвот на табелата во однос на второпласираниот Силекс. 

Администраторот на социјалните мрежи на „црвено-црните“ го искористи овој факт како мал сеир на сметка на ривалите и момент да покаже дека клубот навистина се придржува до мерките на Владата и Министерството за здравство.