Ужас во Букурешт: Фудбалер го нокаутира противникот со удар со нога директно во - глава! (ВИДЕО)

Големото дерби во Букурешт меѓу Динамо и Стеауа го одбележа инцидент, кој се случи на средината на теренот пред крајот на првото полувреме во кој настрада српскиот фудбалер Славко Перовиќ.

Поранешниот фудбалер на Црвена Звезда доби една топка од дуел, но противник ненамерно го шутна во глава, по што во истиот момент Перовиќ падна на теренот и остана да лежи. Веднаш дотрчаа на помош докторите, по што пристигна и Брза помош, која го пренесе играчот во болница.