Ужас во Италија: Хулигани со ножеви и палки направиле хаос во воз! (ФОТО)

По натпреварот меѓу Удинезе и Венеција се случил вистински хаос, кога навивачите на домашниот тим заедно со навивачите на Салцбург влегле во воз и ги нападнале гостите.

Италијанските медиуми пишуваат дека во возот имало околу 300 навивачи на Венеција, како и 130 други патници.

Хулиганите имале ножеви, палки и други предмети, а во возот се тепале со гостите, при што 11 навивачи се повредени, од кои двајца се во тешка здравствена состојба.