Третолигашкиот натпревар во Хрватска помеѓу екипите на Копривница и Вартекс почна со големи нереди, откако почнаа да се тепаат домашните и гостинските навивачи, а мораше да интервенира и полицијата.

Навивачите на овие екипи почнале да се тепаат пред самиот влез на стадионот, повредени биле неколку лица, а еден гостински навивач бил уапсен.

Полицијата при акцијата користела и солзавец за да ја смири ситуацијата, а во целата гужва несреќно настрадало едно седумгодишно дете, кое добило солзавец по лицето.

Ваквиот потег на полицијата уште повеќе ги разбеснал навивачите, кои потоа нападнале едно полициско возило.

И покрај големите нереди, натпреварот бил одиграни по смирувањето на ситуацијата околу стадионот.