Уште ова не сме го виделе – војна на вода на ултраси (ВИДЕО)

Милан ја победи Венеција на гостувањето со 3-0 во неделата, но мечот имаше предигра на најнеобичен начин помеѓу ултрасите на двата тима, досега невидено во навивачкиот свет.

Навивачки пресметки имало со децении насекаде, каде ќе се сретнат сопернички групи, ама уште ова фалеше, да има пресметка на вода. Навивачите на Милан во Венеција дојдоа со брод и не е тоа некое изненадување, зашто досега имало во светот вакви гостувања по вода, само возбудливо беше што соперниците од Венеција ги чекаа исто така со брод(ови).

Па следеше битката, пиротехника леташе на сите страни, како да станува збор за сцени од филмови со битки на морнарици.