Унгарски фудбалери по поразот од Италија точеле пиво на навивачи во паб во Будимпешта! (ВИДЕО)

Унгарија не успеа да го освои првото место во исклучително тешката група со Италија, Германија и Англија, во Лигата на нации, само поради синоќешниот пораз од „аѕурите“ со 0-2, но и покрај сето тоа имаа повод за славје и тоа - уникатно и неповторливо.

Мечот со Италија беше последен за капитенот Адам Салаи, па затоа беше во центарот на вниманието и на самиот меч и по него. По заминувањето од стадионот, тој, заедно со Балаш Џуџак и Доминик Собослаи отишле во популарен паб во Будимпешта, а потоа им се приклучил и Андрас Шефер. Во еден момент сите четворица се нашле зад шанкот на пабот, како им точат пиво на навивачите и слават заедно.