
Ултрасите на Лацио под истрага на обвинителството за – величање на Хитлер и нацизмот
Не е ни тајна, ниту ултрасите на Лацио се кријат дека се следбеници на фашистичкиот диктатор од минатиот век Бенито Мусолини, но истрагата на обвинителството е после жалбите на еврејската заедница дека се величал Адолф Хитлер и нацизмот.
Пријавите се дека во еден момент северната трибина (Курва Суд) пееле песна против навивачите на Рома дека ќе ги „пратат во синагога“, а на социјалните мрежи се појави и слика од навивач на Лацио во дрес со бројот 88 и име – Хитлерсон.
Бројот 88 е спорен зашто според абецедата, осма буква е Х, а бројот 88 го симболизира повикот „Хај Хитлер“.
Италијанските медиуми веќе објавија дека јавниот обвинител ги истражува сите овие поплаки од еврејската заедница, а сезонава северната трибина на „Олимпико“ еднаш веќе беше затворена поради расизам, со навреди кон црномурестите фудбалери на Лацио.
19.03.2023?゚ヌᄍSS Lazio against Roma https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/igEe7fvJq7
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) March 20, 2023