Уапсена мајката која шверцуваше факели преку своето дете за Суперкласико (ВИДЕО)

Хаосот во Буенос Аирес пред реваншот од финалето во Копа Либертадорес помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс предизвика средбата да биде одложена, а полицијата мораше да ги брка хулиганите со гумени куршуми, но во центар на внимание беше и една мајка, која направи неверојатен потег.

Мајката реши преку својата ќерка да шверцува факели на стадионот „Монументал“, но за среќа целиот инцидент бил снимен и полицијата реагирала.

Полицијата ја уапсило мајката, која е обвинета дека го загрозила животот на детенцето, па веднаш социјалната служба почнала процес на проценка на ситуацијата во семејството, односно дали таткото може да се грижи за детето или ќе мора да биде одземено.