Сезоната во Премиерлигата заврши минатиот викенд, а многу фудбалери едвај дочекаа да заминат на одмор. Британски „Сан“ објави дека дел од англиските фудбалери се одмораат во шпанија, а во центар на внимание се Деле Али, Џек Грилиш и Џејмс Медисон на Ибица.

Иако играат за различни клубови, сепак тие најверојатно се во добри односи, па сите се дружеа на Ибица, каде што фоторепортерите забележаа дека фудбалерите уживаат во многу алкохол, но и еден куп девојки.

Односот на фудбалерите ја налути англиската јавност затоа што тие се разочарани бидејќи Али, Грилиш и Медисон не носеа маскиво друштво на големиот број девојки.