
Тренерот на Лестер доби отказ зашто имал секс со – фудбалерка!
Овој скандал го потресе Островот, а клубот излезе со соопштение.
„По опсежна внатрешна дисциплинска постапка и почитување на приватноста на поединецот, Вили го прекрши кодексот на однесување на тимот до степен што ја прави неговата позиција неодржлива“, истакнаа од Лестер.
Овој 45-годишен тренер беше под истрага, а потоа суспендиран поради сомнежи дека е во врска со фудбалерка, а сега исплива на површина целиот валкан веш, поради што доби отказ по две години во клубот. Кирк го презеде женскиот тим на Лестер во јули 2022 година како спортски директор, а четири месеци подоцна се наименува за тренер, заменувајќи ја Лидија Бедфорд.