Тренер во Замбија пукал со пиштол во воздух за да се одбрани од разулавени навивачи

Тренер во Замбија пукал со пиштол во воздух за да ги исплаши навивачите кои сакале физички да го нападнат, па полицијата во оваа африканска земја сега го истражува случајот, откако осум истрели биле регистрирани во два наврати.

Тренерот Есу Чало Зулу, кој е тренер на клубот Зеско Чипата прво испукал три куршуми во воздух веднаш откако судијата свирнал крај на мечот, кој неговиот тим го загубил со 0-1, а потоа испукал уште петпати пред својот автомобил, кој бил паркиран во близина на игралиштето.

Целиот инцидент се случил викендов откако Зеско Чипата загубила од Пизн Леопардс Чипата, а како што пренесува „Асошиетед Прес“, тренерот Зулу признал дека пукал во воздух за да ги растера разулавените навивачи,

Според информациите, голем дел од навивачите се против него и едниствен начин да се спаси е да го искористи пиштолот, зашто хулиганите се заканувале дека ќе го каменуваат неговиот тим, а по мечот го опколиле и се исплашил дека ќе добие тежок ќотек.

Полицијата објавила дека тренерот имал регистриран пиштол и дозвола за носење, додека фудбалскиот сојуз во оваа африканска земја посочила дека ќе го сочека делегатскиот извештај пред да преземе некакви чекори.