Трагедија: Српски спортист загина во сообраќајна несреќа (ФОТО)

Еден од најпознатите играчи на американски фудбал, Урош Максимовиќ починал поради тешките повреди кои ги заработил за време на сообраќајната несреќа на 10 мај.

Од него се збогуваше Српската асоцијација на американск фудбал и преку соопштение ја потврди неговата смрт.

„Урош Максимовиќ го загуби животот на 10 мај во сообраќајна несреќа“, соопштија од тимот.