Тензично во Минхен: Делии соблекоа Турчин кој носеше дрес на Галатасарај! (ВИДЕО)

Црвена Звезда вечерва гостува кај Баерн Минхен во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони, а пред мечот беа забележани „искри“ меѓу навивачите, откако Делии тргнаа да соблечат еден Турчин.

Српските навивачи откако забележаа дека Турчинот носи дрес на Галатасарај се изнервираа и го соблекоа сред Минхен, а веднаш потоа пристигна полицијата, која најверојатно ги смирила страстите.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Balkanski Navijači (@balkanskinavijaci) on

Да потсетиме, Делии не се во добри односи со навивачите на Галатасарај, откако нивниот поддржувач Кадри Акташ го уби Марко Ивковиќ – Јагода во 2014 година на гостувањето на Црвена Звезда во Истанбул.