Талент на Ајакс го направи најглупавиот пенал во историјата на фудбалот (ВИДЕО)

Низ годините биле видено многу нелогични и чудни пенали, но тоа што се случи на синоќешната пресметка помеѓу вториот тим на Ајакс и Рода во меч од Втората лига во Холандија ќе остане запаметено можеби и засекогаш.

Кик Пјери во 61. минута од средбата делуваше како „паднат од Марс“, па иако топката не излезе од теренот, тој си ја прибра во рацете и ја намести да си изведе гол-аут. Дури и судијата беше изненаден од неговиот глупав потег, па малку задоцни со досудувањето на очигледниот удар од белата точка.

Токму овој момент се покажа клучен на средбата, со оглед што Рода на крајот победи со минимални 1-0 со голот од подарокот во вид на пенал.