Стравична несреќа на руски фудбалер - со 220 км/ч удрил во ѕид (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Спартак Москва, Александар Каракин почина во болница по стравичната несреќа која ја имал со неговиот автомобил.

Каракин учествувал во улични трки, а несреќата се случила околу 1.30 часот, кога со возилото удрил во ѕид.

Според руските медиуми, Каракин возел со брзина од 220 км/ч во моментот кога загубил контрола и го распарчил своето возило.