Страв и трепет: Извршил голема нужда кога му се обратил Мајк Тајсон! (ВИДЕО)

Американецот Мајк Тајсон според многумина важи за еден од најдобрите боксери во тешка категорија во историјата. Тој пред неколку дена присуствуваше на мечот меѓу Тајсон Фјури и Деонтеј Вајлдер во Лас Вегас.

Челичниот Мајк беше воодушевен од борбата и победата на Фјури, но се најде во центарот на вниманието поради ситуацијата по натпреварот. Поточно, поранешниот НФЛ играч, Чад Очочинко, реши да го поздрави Тајсон и сето тоа да го сними, но Мајк не знаеше за што се работи.

Му пришол со уште еден човек кој имал со себе камера, а Тајсон незнаејќи веднаш му се нафрлил. Сепак, кога разбрал што е работата, боксерот дошол до него и му се извинил.

Интересно е што камерманот подоцна се појави на социјалните мрежи, откако еден од неговите пријатели го праша дали е се во ред.

Дефинитивно не. Можам да потврдам дека навистина се посрав, порача снимателот откако видеото беше објавено на „Твитер“.