Сталоне откри: Пеле ми го скрши прстот со шут на снимањето на култниот филм „Бегство до победата“

Холивудската ѕвезда Силвестер Сталоне првпат откри дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, легендарниот Пеле му го скршил прстот со шут од пенал за време на снимањето на кулчтниот филм „Бегство до победата“ од 1981 година.

Филмот во кој Сталоне, Пеле и низа други ѕвезди глумат како заробеници на нацистичка Германија и треба да одиграат фудбалски меч со војниците во логорот, е еден од најкултните филнови со фудбалска тематика, а сега холивудската ѕвезда првпат проговори за досега непознати детали за „Би-Би-Си“.

„Кога го снимавме филмот, ми рече дека ќе шутира и јас му одговорив: ' во ред'. Голема работа, фудбал е ова, што може да ми направи, помислив во тој момент. Лесна работа. Ама Пеле облече некои копачки од Втората светска војна, кои имаа на врвот челик, а топката како ѓуле, ем двојно подебела, па уште и петпати потешка од денешните топки. И тргна да изведе пенал, му кажа каде и ќе шутира, застанав таму, а кога шутна – топката прелета покрај мене, пред јас воопшто да се помрднам. Следеше втор обид, кога ја скина мрежата, па го скрши прозорот од касарната каде што снимавме. И ден денеска ме боли тој скршен прст што се обидов да му одбранам. Ваква клоца во задникот никогаш повеќе не добив“, откри Сталоне.