Срамота: Комити се испотепаа меѓусебе! (ВИДЕО)

Во 20 минута од вечерашната пресметка на Националната Арена „Филип Втори“ помеѓу Вардар и Реал Сосиедад, жестока тепачка се случи на западната трибина, каде што се сместени најверните навивачи на црвено-црните, Комитите.

Две фракции на вардаровите навивачи се пресметаа на трибината, летаа боксови, но по две-три минути од пресметката ситуацијата на трибината се смири и навивачите продолжија со песната за поддршка за своите миленици, кои од 12-та минута губат со 0-1.

Пред западната трибина дојдеоа припадници на специјалните полициски сили, но за среќа не влегоа на трибината, затоа што можеше да се случат и поголеми нереди, а со тоа и да се случи стампедо, па ситуацијата да излезе од контрола